Хари Сековски со голема прослава ќе одбележи 20 години успешна работа

Please follow and like us:
Pin Share

После 20 години работа со менаџерство и организација на стотици концерти и спортски настани, Хари Сековски во соработка со ИН ТВ и Ване Петкоски, организира голема забава, како благодарност до сите Македонци кои во овие 20 години беа дел од сите настапи на македонските ѕвезди.

-Во овие 20 години работа со македонската естрада, поминав незаборавни моменти и премногу успешни, но и неуспешни концерти. Без некого да навредам, морам да ја издвојам соработката со двајца наши естрадни уметници кои оставија ми најголем впечаток, но за жал не се повеќе со нас, тоа се Тоше Проески, кој првиот настап надвор од Македонија, го оствари токму со мене и Секула Пупиноски, еден од најквалитетните пејачи и убедливо најдобриот човек којшто сум го сретнал. Се разбира неможам да ги заборавам и останатите групи и пејачи со кои сум работел.-истакна познатиот менаџер, Хари Сековски.

Хари ја потенцираше и соработката со голем број македонски добротворни друшта, црковни заедници и спортски клубови, па ги повикува сите кои сакаат да дадат поддршка за овој настан. Тој им се заблагодарува на сите блиски пријатели и роднини, а најмногу на неговата сопруга која му ја дала најголемата поддршка сите овие години.

Специјални гости на настанот кои досега го потврдиле своето присуство се Елена Велевска, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Бобан Мојсовски и Ице Атанасовски кој е дел од организацијата.

Медиумски покровител на големата забава ќе биде сателитската ИН ТВ.

Од организацијата информираат дека во најскоро време ќе го објават датумот и местото на настанот.

 

Please follow and like us:
Pin Share