
Покрај големите работни ангажмани како и останатите пејачи во текот на летниот период, не изостанува и познатиот македонски пејач Борче Наумовски попознат како Министерот. За периодов кој следува Борче најавува снимање на два нови видео записи. Едниот ќе биде за неговата песна “Ленче комшивче” која ја испеа минатата година на фестивалот Роса. Додека пак другиот видео запис ќе биде за песната “Убавица си моја”.
Текстот за песната “Ленче комшивче” е на Валентин Соклевски, додека музиката и аранжманот на Кирил Стојчески.
-Летниот период сме повеќе тука, генерално цела естрада имаме повеќе работа тука, вели Борче, притоа не откривајќи други детали за понатамошниот период.
