
Годинава по 19-ти пат ќе се одржи Интернационалниот музички фестивал “TРА ЛА ЛА ” во двата града, Охрид и Битола. На фестивалот учевство ќе земат претставници од 18 држави а сите ќе настапуваат во живо. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 14 август, додека пак наредните денови, односно 15,16 и 17 август ќе бидат натпреварувачки денови.
Сопред организаторот, на 18 август предвидено е да бидат доделени наградите на Гала концерт во Битола, во Центарот за култура –голема сала. Притоа ќе бидат доделени прва, втора и трета награда во сите 5 возрасни категории. Прва, втора и трета награда во категорија музика од филм како и Гранд При џуниор и најголемата Гран При награда на фестивалот.
Овој фестивал претставува една од најголемите музички манифестации во Европа од ваков вид, на кој учевство земаат голем број претставници од повеќе земји.
