
“Песни од Коштана” е насловен мјузиклот кој повторно и годинава ќе го изведат добро познатите Силви Бенд. Станува збор за музика од претставата “Коштана” во која Силви го интерпретира главниот лик, а за тоа е прогласена за најдобра Коштана на Балканот. Песните за Коштана се вкупно 16 на број , а содржат и реплики од главниот лик во претставата Митке, кој го игра актерот Илија Струмениковски.
-Нашиот голем перформанс , концерт насловен “Песни од Коштана”. Тоа ќе се одржува на 22 јули на еден од нашоте најубави простори на Долни Сарај. Огромната сцена која што ќе биде исполнета со огромен број на луѓе, 20 изведувачи, со народни традиционални носии, со преоубавите сонгови, реплики на Митке и Коштана, со богат оркестар, виолина, кларинет, тарабука, ударни инструменти. Многу е баран овој проект. Само годинава ќе имаме 4-5 концерти со овој перформанс низ нашите општини, од кој што едниот е тука. Наскоро одиме за Велес , па во уште една општина. Така да завршуваме околу 20 октомври во Македонската Опера и балет како едно заокружување на таа мини турнеја, истакнува Влатко.

Ваквиот проект е подржан од страна на Министерството за култура на РМ, како проект од национален интерес за 2018 година. Како што истакнува Силви, овој проект со години живее во нивното творештво и на некој начин постана нивна заштитна особина. На сцената Долни Сарај публиката ќе ужива во бројните музички изведби на “Отвори ми бело Ленче ”, “Крај Вардара седеше”, “Жал за младост” и уште многу други.
