
Направија прекрасна забава на неодамна одржаниот концерт на фолк дивата Татјана Лазаревска во Битола. Станува збор за двајцата големи виртуози на дувачки инструменти браќата Нуне или Филип и Раде
Нуневски. Тие навистина знаат да ја подгреат атмосферата, речиси буквално на сите нивни настапи каде што се поканети. Особено ја истакнаа блиската соработка на музички план со Татјана Лазаревска.
-Татјана Лазаревска е наш долгогодишен пријател, соработник, колега. Си имаме блиски односи во музиката. Заедно соработуваме. Не покани на оваа прекрасна убава вечер , да бидеме дел заедно со нејзе како нејзина придружба, истакнува Филип.
Браќата Нуне минатата година го промовираа својот прв албум и изразуваат задоволство од досегашната прифатеност на албумот од страна на публиката. Најавуваат и бројни новитети.

-Следно од нас, браќа Нуне е подготвуваме нов проект за кој исто така ќе има подобра промоција од таа што беше за првиот албум. Се она што треба и што не треба, научивме од првата промоција, па така да за оваа втората ќе ја направиме многу поубаво и побогато. Моментално тоа го подготвуваат. Нова промоција со нешто ново, додава Раде.
Сепак, детали не откриваат и ја оставаат публиката во мала неизвесност околу новитетот кој се подготвува од нивна страна.
