Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги расветлува причините за смртта на пејачот Влатко Иливески кој синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје. Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство“, соопшти ОЈО.
Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, велат од ОЈО.
