
Мулти бенд, самото име кажува дека навистина петте момчиња од овој бенд се мулти талентирани. Впрочем тие знаат да отсвират буквално се, секаков вид на музика која публиката и нивните фанови ќе ја побараат од нив. Кумот на групата е клавијатуристот Роберт, кој на право место го дал името.
-Кумот сум јас. Некако “Мулти бенд” значи многу нешта во едно собрано, така што мислам дека ние не само македонска музика, туку и српска музика и бугарска можеме да отсвириме. Што се бара од нас тоа се свири. Мислам дека името е совршено за еден бенд, како што сме ние, истакнува Роберт.
Првото што го отсвириле е македонската народна песна, но не ја исклучуваат можноста да отсвират и забавна музика. Накратко кажано свират буквално од се по нешто.
