Џенифер Лопез без грам шминка, со природно виткана коса, на одмор со Алекс и четирите деца. Заљубениот пар секогаш наоѓа време за семејството и максимално го користи.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез се заедно повеќе од една година и многу често го поминуваат времето заедно со нивните деца. Овојпат сите заедно уживаат на одмор, а Џеј Ло е забележана како се релаксира во опуштено издание.
Облечена во бело фустанче и сандали на полна пета, со природно виткана коса, пејачката се релаксира со саканите. Заедно со нејзините близнаци Макс и Ема и ќерките на Алекс, Наташа и Ела, парот ужива во одморот и летните лудории.

Алекс на Инстаграм објавил видео од пејачката и неговата ќерка Наташа, како играат на нејзината нова песна “Dinero” и како се забавуваат.

