Адреналин бенд немаат желба за настап на фестивал, бидејќи мислат дека истите не се реални. Тие велат дека наместо на фестивал, многу подобро е да се направи видео, но пред се за добра и квалитетна песна.

Момците од Адреналин бенд при нивното гостување во ИН Продукција ни открија дека досега не настапиле на некој од нашите фестивали, но и дека немаат желба да учествуваат на истите бидејќи според нив не се реални.
-Според мене не се реални и затоа досега не сме размислувале како бенд да настапиме на фестивал. На гледачите за да допре некоја песна до нив, мое мислење е дека навистина треба да се направи добра и квалитетна песна, ќе звучи малки нескромно, како нашата песна “После тебе”. Немора да е народна таа песна за да биде прифатена, може да биде и забавна, но пред се квалитетна.-истакна Филип, вокалот на бендот.

Освен песната “После тебе”, Адреналин бенд имаат уште една авторска песна, хитчето “Летна шема” за која снимија и спот во соработка со ИН Продукција, а за тоа како беше прифатена оваа песна ни раскажа Филип, при гостувањето во емисијата “Промо”.
-Како помина таа песна? Ќе кажам дека многу послабо од првата наша песна, но сепак со позитивни коментари. Добро, сепак станува збор за песни со различни стилови, за разлика од вторава која е со побрз ритам, значи ете “Летна шема” е крстена. Едноставно, таа песна е за опуштање, а После тебе беше песна која навистина допира до сите, за заљубени, разделени, тип на песна која допира до секоја возраст на луѓето.-вели младиот пејач.
Адреналин бенд деновиве во студиото на ИН Продукција го промовираа нивниот најнов проект, а од овој момент истиот може да го погледнете на нашиот јутјуб канал.
