Адел го подготвува новиот албум

Please follow and like us:
Pin Share

Адел започнала да пишува песни за новиот албум. Како што пишува магазинот „The Sun“, планираниот датум за објавување на новиот албум е крајот на декември 2019 година.

По огромниот успех на албумот „25“ од 2015 година, со кој своето име го запиша во историјата на музичката модерна индустрија, Адел, сега е подготвена за свежи песни и ново студиско издание. Како што откриваат британските медиуми, новиот албум на Адел би можел да биде објавен во јавноста веќе следната година.

Глобалната музичка суперѕвезда започна да пишува песни за својот нов албум, пренесува музичкиот портал „New musical express“.

Неименувани извори откриваат дека Адел се наоѓа повторно во Велика Британија, каде е во студио и работи на нов албум. Исто така, повеќе студиски музичари и автори се контактирани поради евентуална соработка со наградуваната пејачка.

„Некои песни се веќе во  завршна фаза, кога станува збор за авторскиот дел од работата“, открива изворот за британските медиуми.

Please follow and like us:
Pin Share