
По бројните работни ангажмани кои ги имаше изминатиов период, фолкерот Спасен Силјаноски и за периодов кој престои најавува доста закажани настапи особено во западниот дел на нашата земја. Тој не го крие фактот да каже дека токму во овој дел е повеќе баран за разлика од останатите краеви на Македонија.
-Претежно настапувам во западниот дел на Македонија. Стилски така си одговараме и имаме некоја конекција со слушателите. Можам да кажам дека 90 отсто сум застапена од моите настапи во Охрид и Струга, отколку што сум во Кичево. Незнам на што се должи тоа, но затоа секогаш сум тука за тоа место. Настапувам и низ другите делови на Македонија, но морам да признаам дека поретко. Морам да признаам дека одбегавам, можеби не толку стилски се пронаоѓам , да кажеме во Струмица, Кавадарци и натака. Најголем дел сум во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Ресен, Струга, Прилеп , тој западен дел на Македонија а најголем дел во езерскиот крај, охридско-струшкиот регион,вели Спасен.
Неодамна Спасен во соработка со Мулти бенд направи кавер верзија на своја песна.
-Сега во овој период и јас за прв пат ќе снимам еден кавер. Имам проект со “Мулти бенд” од Скопје, ме поканија да гостувам, да испеам една нивна песна, истакнува Спасен.
Во перстојниот летен петриод Спасен ќе биде тука на бројните закажани приватни забави и настапи.
