Охридското социјално друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн слави 35 годишен јубилеј на Охридскиот бал

Please follow and like us:
Pin Share

Се е подготвено за големиот најавен Охридски Бал во Мелбурн, Австралија. Организаторот, Охридското Социјално Друштво Св. Наум Охридски , деновиве ги прави и последните мали подготовки за се да изгледа

беспрекорно, со оглед на тоа што годинава се одбележува 35 годишен јубилеј. Како што истакнува претседателот на Социјалното македонско друштво Св.Наум Охридски , Васко Ангелоски очекува иста посетеност на балот како  и сите досегашни настапи на Наум и пријателите.

-Сега ни престојува уште 35 годишниот јубилеен охридски бал, кој ќе биде следниот викенд во сабота на 30-ти јуни, ќе биде во Емералд рецепшн во Мелбурн и секако да не заборавам ИН тв за оваа турнеја до каде што беше оваа екипа, дури и на приватни забави. Беше одлично, феноменално, домаќински направено. Немам зборови да кажам, вели во својата изјава за ИН телевизија Васко.

Притоа тој додава дека во  име на управниот одбор на друштвото и ценетите членови изразува  благодарност до сите подржувачи  низ годините а,се разбира најголемата благодарност ја заслужуваат,членовите на поранешните управни, одбори и сите гости на нашите досегашни активности.Се надеваме дека заедно со почитуваните гости од Република Македонија живата легенда Наум Петрески и кралицата на нашата убава македонска песна Зујца Лазова придружени од Илија Тотески -Тота,Џеват Рамаданоси и групата Легато.Ќе имаме уште една незаборавна музичка вечер и во прекрасно расположение ќе ја поминеме.Ви поскуваме многу здравје и успех во животот,бидете благословени од Бога преку молитвите на нашиот патрон Свети Наум Охридски, напиша Васко на својот фејсбук профил.

Оваа година гала балот дополнително ќе биде збогатен со настапот на легендарниот Наум Петрески како и Зуица Лаозва, Џевад Рамаданоски, Илија Тотовски Тота и Легато бенд од Мелбурн. ИН телевизија ќе биде медиумски покровител на целиот настан.

Please follow and like us:
Pin Share