“Фаворити бенд” од Гостивар подготвуваат песна за Лешок Фест 2018

Please follow and like us:
Pin Share

“Невеста бела самовила” е насловена најновата песна од гостиварскиот бенд “Фаворити”. Со оваа песна групата “Фаворити” ќе настапат на годинешниот Лешочки фестивал.

-Песната е посветена на сите невести и моми кои со голема радост и возбуда го очекуваат денот кога ќе станат невести и со љубов се подготвуваат за тој голем чин. Автор на музиката е Горан Трпески Баче кој е и вокал на групата, авторн на текстот е Драган Матески а аранжманот на Љупчо Николоски Бубе. Песната ќе биде изведена на Лешок фест оваа година и искрено се надеваме дека ќе биде забележана од публиката и слушателите, како и дека ќе стане хит песна, посебно помеѓу младите невести, вели во својата изјава за ИН продукција Драган Матески, член од група “Фаворити”.

Новина кај оваа група се и неколкуте кавери на српски песни кои ги озготвија во изминатиов период. Станува збор за големи хит рефрени кои се доста барани на  бројните нивни настапи и свечености.

Please follow and like us:
Pin Share