Селект бенд од Битола со бројни ангажмани периодов

Please follow and like us:
Pin Share

Селект бенд од Битола периодов се ангажирани на голем број фамилијарни прослави. Иако се релативно нови на сцената, тие се доста барани од публика. За следниот период најавуваат авторска песна, којашто ќе биде претставена на некој од нашите фестивали.

Со оглед на тоа што летниот период е исполнет со голем број свадбени и разни фамилијарни прослави, нашите музичари се доста зафатени периодов. Иако се релативно нови на македонската музичка сцена, Селект бенд од Битола откриваат дека имаат бројни ангажмани и се доста задоволни што се барани од публиката.

-Публиката моментално може да не слушне на фамилијарните прослави, бидејќи сега сме во екот на тие прослави, најчесто сме таму, но не има и низ локалите во Битола, Прилеп и пошироко.-истакна Мартин, еден од членовите на бендот.

Покрај бројните настапи кои ги имаат, Селект бенд деновиве снимија видео проект кој се состои од исклучиво македонски песни, а во моментов подготвуваат и авторска песна којашто ќе биде претставена на фестивал.

-Моментално работиме на една наша авторска песна, којашто ќе биде дует за еден фестивал, а подетални информации ќе откриеме понатаму.-додава тој.

Инаку, како бенд досега не настапиле надвор од Македонија, но се надеваат дека со нивниот видео проект, кој го работеше ИН Продукција, ќе допрат и до пошироката јавност.

Please follow and like us:
Pin Share