Дуа Липа и Ајзак Кару заедно и заљубени во Њујорк

Please follow and like us:
Pin Share
 Дуа Липа и нејзиното момче Ајзак Кару, заедно и заљубени прошетаа низ улиците во Њујорк. Низ медиумите деновиве излегоа гласини дека Ајзак танцувал со друга девојка во ноќен клуб, но тој ги демантираше истите со статус на неговиот Инстаграм профил.
 

Дуа Липа и Ајзак Кару не дозволуваат гласините за неверство да внесат тензија во нивната врска. Актуелната музичка ѕвезда и британскиот модел беа фотографирани на прошетка во Њујорк. Парот си разменуваше бакнежи и релаксирано се движеше низ улиците на „Големото јаболко“.

Пред само неколку дена, медиумите објавија видео во кое Ајзак танцува во ноќен клуб и алудираа на неверство.

Тој на Instagram веднаш ги негираше гласините дека ја изневерил Липа, со која неодамна ја обновија врската, со пораката:

„Не би сакал да мислите дека Дуа е во врска со некој кој не ја сака и почитува. Таа не би го поднесувала тоа. Јас и Дуа паднавме во рацете на таблоидите кои прават драма и нè поврзуваат со други луѓе кога нема вистина во тоа. Бев во геј бар, танцував со пријателка и тоа беше прикажано во лошо светло. Немаше бакнување и сум разочаран од себеси што барем накратко танцував, со оглед на начинот на којшто бев прикажан. Беше гласен бар и јас ѝ зборував на уво.

Не верувајте во сè што ќе видите, затоа што овие луѓе се платени за да предизвикуваат драма.

 Ние сме многу среќни што повторно сме заедно. Поминавме 3 и пол години среќни заедно со верност и љубов и не раскинавме првиот пат заради што имавме такви проблеми. Раскинавме поради конфликти во распоредите и што не можевме да бидеме заедно. За среќа, нашата кожа е поцврста и љубовта е посилна од ова.“
Please follow and like us:
Pin Share