“Не тагувај лично моме” од Ташко Каранфиловски, доста барана во странство

Please follow and like us:
Pin Share

“Среќен сум што мојата песна “Не тагувај лично моме” е доста барана на моите настапи во земјава, но и во странство.” Ова го истакна младиот пејач Ташко Каранфиловски кој неодамна гостуваше во ИН Продукција.

Ташко Каранфиловски пред извесно време го промовира спотот за песната “Не тагувај лично моме” кој го изработи ИН Продукција. При неговото гостување во емисијата Промо истакна дека е презадоволен од тоа како е прифатен спотот, но и песната, додавајќи дека посебно радува фактот што истата е доста барана на неговите настапи.

-Па морам да кажам дека да, навистина откако ја снимивме оваа песна која има печалбарски мелос и доста е барана. Гледам и тоа ме прави многу среќен што на многу свирки ми ја бараат песната што значи дека се слуша.-вели Каранфиловски.

Тој при гостувањето потенцира дека има позитивно мислење за фестивалите кои се одржуваат во земјава и вели дека истите се добро место за промоција на нови песни.

-Додека постои македонската музика се е реално. Насекаде кадешто се емитува македонската музика можам да кажам дека се е прекрасно чувство. Секој си има свое мислење меѓутоа најблагодарни сме што навистина не е заборавена македонската песна барем на тие фестивали.-додава пејачот.

Неодамна во студиото на ИН Продукција, Ташко ја промовира неговата најнова песна која носи наслов Дојди ми љубице, за која во најскоро време ќе биде изработен и спот.

Please follow and like us:
Pin Share