
Екипата на ИН продукција од Охрид која престојува во далечната Австралија како дел од големата турнеја на легендарниот Наум Петрески, продолжува со тамошни снимања и видео реализации.
Денеска се снимаше видео запис со”Соната” бенд и Влатко Мелбурн гајда, за нивната најнова инструменталка “Мерак гајда”. Ова е авторско дело на групата Соната од Мелбурн, нивно прво а второ по ред на Влатко кое го снимаше минатата година во родниот охридски крај, во соработка со ИН продукција.
Спотот се снимаше во Aria at Windmill Gardens, а станува збор за прекрасен објект чиј газда е македонец.

Бендот Соната го сочинуваат Влатко Велјаноски на гајда, Ник Апостолоски-тапани, Пеце Ристоски- хармоника, Боби Василевски –кларинет и Горан Пупунчески на клавијатури.

Во престојниов период групата “Соната” е со полни работни ангажмани со прослави низ Австралија , при што веднаш по снимањето на спотот се префрлија во објектот каде што веќе имаа закажано крштевка.
Бендот “Соната” важи за еден од најбараните во Мелбурн и Австралија.
