“Модерна полка” ново од професорот Наум Џуклески и неговиот ученик Андреј

Please follow and like us:
Pin Share

Ново од музичката ризница на професорот Наум Џуклески, кој постојано и неуморно работи на својот инструмент , хармониката. Овојпат како што истакнува професорот Наум , инструменталката е во заедничка соработка со неговиот ученик Андреј Пуфтоски, на кој посебно е горд.

-Се работи за една композиција која што е класична композиција, се вика “Модерна полка”. За таа композиција јас направив еден посовремен аранжман. Таа е напишана само за хармоника , јас направив аранжман за комплетен оркестар и поводот е да ја претставиме таа композиција кон публиката. Ученикот мој ја свиреше таа композиција , значи заедно ја изведуваме, истакнува Наум.

Младиот Андреј на свои 12 години може да се каже дека е навистина неверојатен виртуоз на хармоника, тоа впрочем го докжа и низ гостувањето во емисијата на ИН продукција.

-Имам 12 години, доаѓам од Пештани и учам во ОУ Св.Наум Охридски. Свирам хармоника веќе три години и љубовта кон овој инструмент ми доаѓа уште од мал, вели Андреј.

Професорот Наум Џуклески во изминативе неколку години посебно се наметна со своите музички способности преку реализирањето на проектот “Фолклорна бајка”, кој се состоеше од  препејување на старите македонски звуци од страна на детските гласови. За периодов Наум го најавува својот голем проект “Фолклорна бајка, Наум Џуклески со пријателите” преку кој ќе одбележи и јубилеј од своето долгогодишно музичко творење.

Please follow and like us:
Pin Share