“Хепи енд” важи за бенд кој ја негува македонската музика. Имаат широк репертоар со музика за сечиј вкус. Периодов кој следи ќе ја промовираат нивната прва песна, а најавуваат и уште една песна, како и кавер верзии на познати хитови.

Момците од “Хепи енд” најповеќе ја негуваат македонската песна. На нивниот репертоар имаат различен вид на музика и велат дека свират се што ќе побара нивната публика.
-Како македонско народно, така и македонско забавно, ју-рок, поп фолк хитови, се што се бара на Балканот и странски песни, гледаме да сме во тек со се. Се трудиме доста да постигнеме, па се надеваме дека ќе ни се исплати трудот и пробите итн.-истакна Игор, вокал на бендот.
“Хепи енд” важат за група која соработува со голем број музичари и бендови од македонската естрада.
-Соработуваме скоро со сите бендови како од Скопје, така и од околината. Тука спаѓаат нашите колеги од Фидбек, Либеро бенд и многу други-вели Игор.

Инаку, во моментов се сконцентрирани на подготовка и промоција на нивната прва песна, а веќе најавуваат уште една авторска песна, како и нови кавери.
-Нашите планови за периодов кој следува се промоција на новата песна која ќе биде во поп рок фазон, да се посветиме потоа на втора песна, а ќе направиме уште кавери за јутјуб. Гледачите можат да ги видат на нашиот канал, имаме доста видеа, гостување во неколку емисии, има доста метаријал, па кој сака може да погледне.-додава пејачот.
Момците од “Хепи енд” периодов имаат бројни настапи низ земјава, а покрај свирките низ рестораните и клубовите, во последно време често настапуваат на семејните прослави.
