РОСА ФЕСТ ВО СКОПЈЕ – ВЕЧЕР ЗА ПАМЕТЕЊЕ СО НАЈПОЗНАТИТЕ ИМИЊА ОД МАКЕДОНСКАТА ФОЛК ЕСТРАДА

Please follow and like us:
Pin Share

Синоќа, во Македонската опера и балет во Скопје, се одржа овогодинешното издание на „Роса Фест“, фестивал кој и оваа година собра бројни познати имиња од македонската фолк музичка сцена и љубители на македонската народна песна.

Фестивалската вечер помина во одлична атмосфера, со исполнета сала, многу музика, емоции и аплаузи. На сцената продефилираа еминентни македонски фолк-изведувачи, кои со своите настапи ѝ подарија на публиката вечер исполнета со незаборавни музички моменти.

Меѓу учесниците на фестивалот беа Кире Науновски, Бобан Цаневски, Боби Спасенцовски, Здраве Мјузик, Анета и Бенд, Стојне Николова, Кате и Соната, како и други познати музички имиња, кои со своите интерпретации придонесоа за успешната реализација на фестивалската вечер.

Посебно значаен момент на овогодинешното издание беше доделувањето на наградите за животно дело, кои им беа врачени на истакнатите музички имиња Алацки и Благоја Грујовски. Со ова признание се оддаде почит на нивниот долгогодишен музички ангажман, творештво и придонес во македонската фолк музика.

Организатор на „Роза Фест“ е Аце, познат во јавноста како Аце Роса, додека функцијата уметнички директор ја извршува Бобан Мојсовски.

За сите оние кои не беа во можност да присуствуваат на оваа музичка вечер, фестивалот ќе биде прикажан во одложено емитување на национална телевизија, со што настапите и фестивалската атмосфера ќе допрат до пошироката публика.

„Роса Фест“ уште еднаш го потврди своето место на македонската музичка сцена, обединувајќи познати изведувачи, музичко творештво и публика во чест на македонската фолк песна.

Please follow and like us:
Pin Share