Македонската естрада подготвува вистинска музичка офанзива! Четири големи имиња, еден оркестар во живо и повеќе од четири часа македонски песни, боемска атмосфера и незаборавни рефрени – на 25 декември СЦ „Јане Сандански“ ќе биде центарот на македонската музика!
Кога на едно место ќе се соберат Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски, очекувањата се високи. А кога зад нив ќе застане голем оркестар во живо, со специјално подготвена сценографија и концепт инспириран од традиционалната македонска кафеана, тогаш најавата е за вечер што ветува многу повеќе од обичен концерт.
На 25 декември, со почеток во 20 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Македонската кафеанска вечер – музички настан замислен како почеток на нова предновогодишна традиција за сите љубители на македонската песна.
Четири ѕвезди, безброј хитови и една голема боемска ноќ!
Организаторите најавуваат поинаков концертен концепт, во кој публиката нема само да ги слуша омилените изведувачи, туку ќе ужива во атмосфера што потсетува на старите добри кафеански вечери. Високи и ниски маси, мезе, пијалак, голем оркестар и песни што со децении се дел од музичката меморија на македонскиот народ.
Наум Петрески најавува враќање на боемскиот дух и ставање на македонската музика во центарот на вниманието. Неговата визија е вечер во која изведувачите и публиката ќе дишат како едно, со добро познати рефрени и атмосфера што ќе ги обедини генерациите.
И Сузана Гавазова не го крие возбудувањето. По бројните настапи и концертни турнеи низ светот, таа и нејзините колеги ќе имаат можност да се сретнат со домашната публика во амбиент што, според најавите, ќе биде поинаков од сè што сме навикнати да гледаме на класичните концертни сцени.

Изненадувања, специјални гости и повеќе од четири часа музика
Она што дополнително ја зголемува љубопитноста се најавените ексклузивни гости, чии имиња допрва треба да бидат откриени. Според организаторите, програмата ќе трае повеќе од четири часа, со најпрепознатливите македонски песни, жива музика и специјално осмислено сценско доживување.
Целта е од овој настан да се создаде традиција која секоја година ќе ги собира љубителите на македонската музика во пресрет на новогодишните празници.
Дали ова ќе биде почеток на нова ера на големите македонски кафеански спектакли? Одговорот ќе го даде публиката на 25 декември, кога Сузана, Наум, Миле и Баже ќе се обидат да ја претворат последната четвртина од годината во вечер исполнета со песна, емоции и вистински боемски дух.
🎟️ Билетите ќе бидат достапни преку www.wayin.mk. Повеќе детали за гостите и програмата се очекуваат наскоро.
