Блу бенд, кај домашната публика препознатлив како состав што негува урбана забавна музика и современ звук, повторно го привлекува вниманието – овојпат со чекор што малкумина го очекуваа. По низа авторски песни и успешни проекти, бендот реши да ја изненади јавноста и да се претстави во сосема поинакво, автентично македонско издание.

Зад себе Блу бенд има неколку препознатливи песни како „Кучкин син“, наменета за српскиот пазар, „Лажи ме“, „Џамадан“, како и уште многу други композиции кои им донесоа публика и надвор од границите на Македонија. Но, овојпат музичарите прават храбар исчекор и ја „мешаат картата“ – со снимање сплет од македонски народни песни, со што најавуваат обид да ја пронајдат својата среќа и во светот на народната музика.

Аудио-снимањето на овој проект е реализирано во Прилеп, во студиото на реномираниот Мендо Ташкоски, додека видеото е снимено во продукција на ИН продукција, со висок професионален пристап и визуелен идентитет достоен за ваков проект.

Проектот ќе ја доживее својата официјална промоција за време на празниците, најпрво на ИНТВ Сателитска телевизија, а потоа и на повеќе регионални телевизии низ Македонија, што дополнително најавува широка гледаност и интерес кај публиката.

Со овој потег, Блуе бенд покажува дека нема музички граници и дека љубовта кон македонската народна песна може да оди рака под рака со современиот израз. Дали ова ќе биде почеток на ново музичко поглавје за бендот – останува да видиме, но едно е сигурно: Блуе бенд повторно знае како да изненади.
