На 25 декември, во просториите на НП „Галичица“ во Охрид, се одржа промоција на новата детска книга „Рисот Ристе и пријателите од Африка во Охрид“ од авторката Весна Константинова.
Книгата, која е четврта по ред со популарниот лик Рисот Ристе, е реализирана со поддршка од Општина Охрид, во рамки на јавниот повик за културни проекти од јавен интерес за 2025 година. Авторката јавно ја изрази својата благодарност до општината, до сите институции и организации кои придонеле за успешната реализација, како и до учениците од ОУ „Григор Прличев“ и Македонското еколошко друштво.

Во рамки на промоцијата беа одржани еколошки работилници, а свое излагање за рисот имаше и претставник од НП „Галичица“. Најмладите беа израдувани и со пригодни подароци.
Книгата беше промовирана преку интерактивна комуникација со децата, при што секое дете доби примерок на подарок. Настанот помина во празнична атмосфера, а по официјалниот дел следуваше и кратка коктел-забава.
