По блескавиот настап на јубилејното 40-то издание на Макфест, Елена Наумова ја претставува својата нова песна „САМО НЕКА ПОМИНЕ“, која публиката првпат ја слушна токму на штипската сцена. Настапот на најпрестижниот македонски музички фестивал за Елена претставува огромна чест и исполнување на сонот да биде дел од четиридецениското фестивалско музичко наследство кое создаде безвременски хитови и многу македонски ѕвезди.
Елена не ја крие гордоста што нејзината песна станува дел од ова големо музичко семејство.
Песната „САМО НЕКА ПОМИНЕ“ е создадена од проверен тим професионалци:
– текст и музика: Ристо Самарџиев
– аранжман: Давор Јордановски
– продукција: Мите Димовски
– придружен вокал: Весна Малинова
– гитари: Дарко Тасев
Сценскиот изглед на Наумова беше внимателно заокружен со модна и естетска поддршка:
– фустан: Елена Лука – креација која ѝ овозможи сценска сигурност и елеганција
– шминка: Dragana Makeup
– фризура: Фризерско студио Фриз
Елена упатува голема благодарност до своето семејство, пријателите и публиката која ја поддржува со секој аплауз, а особено ја истакнува поддршката од нејзината другарка Софија, која била со неа во секој значаен момент од подготовките и настапот.
По успешната фестивалска премиера, музичката приказна продолжува – погледнетего видеоспот за „САМО НЕКА ПОМИНЕ“, кој ја заокружи оваа емоционална музичка целина.
