Фолк пејачката Сања Ристеска овие денови во соработка со ИНТВ сними нов музички проект во Мелбурн, Австралија. Станува збор за сплет од познати македонски песни, претставени во поинаков стил и амбиент од досегашните нејзини изведби.
Снимањето се одвиваше во центарот на Мелбурн, како и на уште неколку атрактивни локации низ градот. Покрај Сања, во видеото се појавуваат и неколку нејзини колеги, што му дава дополнителна динамика и свежина на проектот.

Видеото е визуелно и музички поразлично од проектите што се снимаат во Македонија, а Сања уште еднаш го потврдува својот статус како една од најбараните фолк пејачки меѓу македонската заедница во Австралија.
Да потсетиме, Сања Ристеска неодамна се пресели во Австралија, но и понатаму останува активна на музичката сцена, каде и во Македонија важеше за многу барана изведувачка на бројни настани и свечености.
