
Познатиот македонски фолк пејач Спасен Силјановски со жесток став на социјалните мрежи реагираше за програмата на годинашниот Гроздобер во Кавадарци, обвинувајќи дека манифестацијата ја губи својата македонска душа и традиција.
Со низа прашања кои предизвикаа бурни реакции кај јавноста, Силјановски го прозва градоначалникот Митко Јанчев:
✅ „Во која држава се наоѓа Кавадарци? Во која држава е градоначалник Јанчев? Во која држава зрее грозјето? Во која држава ќе се одлеат стотици илјади евра за музичките изведувачи од овој настан???“
Според Силјановски, Гроздоберот е симбол на Тиквешкиот регион, на македонската традиција и на автентичната песна, но наместо тоа, оваа година програмата повеќе личи на српска „роштиљијада“.
🗣 „Не сакам да ме сфатат погрешно дека се борам за себе. Никогаш! Се борам за нашата култура и традиција. Замислете, каков е тоа Гроздобер без ниту една тиквешка песна, без ниту еден македонски фолк изведувач?! Без кралевите на тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останатите… Мислев дека нема подолу од дното, ама еве имало.“

Пејачот иронично додаде дека можеби тој е во заблуда:
„Штом само јас се бунам, изгледа не сум во право. Можеби така треба. Сите молчат, па ваљда не сум јас најпаметен. Простете ако грешам.“
На крај, Силјановски упати порака до вистинските љубители на македонската песна:
„Среќен сум што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат кај Буки и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот.“
❓ Прашање до вас: Дали Гроздоберот ја губи македонската традиција или ова е нормален развој на манифестацијата?