Благојче Стојановски – Туше двоен победник на „Песна на летото 2025“ во Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

Во организација на ИНТВ, на летната сцена во Охрид традиционално се одржа музичкиот спектакл „Песна на летото 2025“, кој и оваа година собра врвни имиња од македонската фолк и поп сцена. Во конкуренција на околу дваесет изведувачи, публиката како свој фаворит го избра Благојче Стојановски – Туше со песната „Сестрами ја мажам“.

Оваа песна не само што ја освои симпатијата на публиката, туку доби и посебна награда за „Најсвадбарска песна“, потврдувајќи ја својата популарност на веселби и семејни прослави.

Настанот уште еднаш ја оправда својата репутација како манифестација која ја слави македонската музика и ги обединува најдобрите изведувачи на едно место, а Благојче Стојановски – Туше со двојната победа ја зацврсти својата позиција меѓу омилените фолк пејачи кај домашната публика.

Please follow and like us:
Pin Share