Татјана Лазаревска, една од најпознатите македонски фолк пејачки, која веќе неколку години живее и работи во Австралија, летово се врати во родната Македонија – но не за одмор, туку за работа. Уште од првиот ден по нејзиното доаѓање, ангажманите започнаа да се редат еден по друг.
Иако нејзиното враќање беше најавено како летен одмор, вистината е дека Лазаревска ретко има слободен ден. Публиката и организаторите ја посакуваат насекаде, па летово нејзиниот календар е преполн со настапи, телевизиски гостувања и интервјуа. Очигледно е – Татјана е сѐ уште еден од најбараните и најпочитувани гласови на македонската фолк естрада.

Дополнително, Татјана ова лето ќе настапи и на престижниот музички фестивал „Песна на летото 2025“, кој ќе се одржи во Охрид. Нејзиниот настап веќе се најавува како еден од најочекуваните на фестивалската сцена.
Можеби токму таа е мерилото по кое се мери каде му е местото на вистинскиот фолк артист. Без многу помпа и сензационализам, но со докажана вредност и долгогодишна доверба од публиката, Лазаревска продолжува да биде активен дел од музичката сцена – каде и да се наоѓа.
