Познатиот фолк пејач Лазе Јанкуловски деновиве го снимаше видеоспотот за својата најнова песна со наслов „Сакај ме“. Снимањето се одвиваше на неколку локации во Охрид, како и во студиото на ИН продукција, каде што беше изработена специјална сцена токму за потребите на видеото.

Во спотот, покрај Лазе, учествуваат и виолинистката Сања Здлерал, хармоникашот Симе, како и членови од плесната школа „Бах“, кои со своите настапи дополнително ја збогатија визуелната приказна на песната.

Промоцијата на спотот ќе се одржи на сателитската телевизија ИНТВ, како и на други македонски телевизиски канали што ја негуваат и промовираат домашната фолк музика.
Ова е четврти видеоспот на Јанкуловски во текот на една година – импозантен број во контекст на денешната македонска фолк сцена, каде ваквата продуктивност станува сè поретка.

