Во присуство на над 500 гости, синоќа во летната сала на ресторанот Барок, фолк пејачот Благојче Стојановски – Туше го одбележа големиот јубилеј – 30 години успешна музичка кариера. Настанот беше вистинска музичка фешта, исполнета со емоции, аплаузи и евергрини кои го одбележаа неговото тридецениско творештво.
Публиката со воодушевување ги поздрави хитовите кои ја обележаа неговата кариера: „За тебе живеам“, „Болен лежа“, „Прва љубов“, „Оди среќна биди ти“, „Прашај ги свирачите“, „Не се важни километри“ и многу други.

Настанот го збогатија и бројни музички гости, меѓу кои: Василија и Сања – со кои Туше во октомври и ноември ќе замине на заедничка турнеја во Австралија, потоа Гоце Петрески, Влатко Миладиноски, Групата Маестрал, Влатко Мелбурн Гајда, Орхан Роки и многу други пријатели и соработници од естрадата.
Билетот за оваа незаборавна вечер изнесуваше 1400 денари – сума што уште еднаш ја потврдува вредноста на Туше како уметник и обожаван изведувач на македонската музичка сцена.

Со ова славје, Туше не само што ја зацврсти својата позиција на фолк-сцената, туку уште еднаш покажа дека македонската песна живее – преку искрената љубов кон публиката.
Честит јубилеј, Туше! – од целата екипа на Естрада Плус.
