(видео) Прилепската ОК Бенд — најбрзорастечката сензација од Пелагонија!

Please follow and like us:
Pin Share

Во само две години од своето постоење, прилепската ОК Бенд се наметна како еден од најпопуларните и најбрзорастечки музички состави во регионот. Со својот модерен пристап и автентична енергија, момците од бендот за кратко време освоија бројна публика низ Македонија.

Нивниот прв поголем успех дојде со проектот на хитовски рефрени, кој наиде на одличен прием кај љубителите на народната и забавната музика. Публиката ги препозна како свежо музичко име кое знае како да ја раздвижи атмосферата.

По тој успех, ОК Бенд ја промовираше и својата новокомпонирана песна „Опа опаса са“, која наскоро ќе добие и видеоспот. Песната веќе кружи на македонските фолк-фестивали и е хит во живите настапи.

Дополнително, бендот имаше запаметлив настап и на јубилејното издание на емисијата „Имат Немат“, каде што ја изведоа емотивната македонска народна песна „Три години болен лежам“, во своја препознатлива обработка.

Сѐ поактивни на сцената и со јасна визија, ОК Бенд се етаблира како сериозен играч во фолк-забавната музичка сцена и дефинитивно е бенд на кој вреди да се внимава!

Please follow and like us:
Pin Share