Фолк пејачот и музичар Лазе Јанкуловски, кој потекнува од музичкиот град Охрид, оваа година остави силен печат на македонската естрадна сцена. Познат како врвен виолинист, Лазе полека, но сигурно, ја освојува и публиката како интерпретатор со свој препознатлив стил и емоција.

Во текот на оваа година, Јанкуловски се потпиша на дури три нови авторски песни, секоја со свој видеоспот, кои веднаш најдоа пат до срцата на љубителите на македонската народна музика. Покрај тоа, тој направи и преработка на стара охридска песна, со која се претстави на јубилејното издание на популарната емисија „Имат немат“, каде што остави одличен впечаток и беше топло пречекан од публиката.
Лазе Јанкуловски живее и работи во Охрид, но неговата музика го носи низ цела Македонија. Со својот талент, искуство и посветеност, тој денес важи за еден од најперспективните македонски фолк изведувачи, кој успешно ја гради својата уметничка кариера и како пејач.
