Познатиот македонски фолк пејач и вокален солист на групата Круна, Орде Неделковски, ја сподели најрадосната вест во животот – доби син! Со емотивен статус на социјалните мрежи, тој објави дека за првпат се остварил во улогата на татко.
„Господе, ти благодарам за овој благодет ❤️🙏
Луѓе мои, СИН МИ СЕ РОДИ – ТАТКО СЕ СТОРИВ ❤️❤️❤️❤️
Ти благодарам љубов моја Angela Nedelkovski, да ни е жив и здрав синот ❤️🙏❤️“ – напиша Орде, изразувајќи неизмерна благодарност и љубов кон својата сопруга.
Оваа прекрасна вест предизвика бројни честитки од пријатели, колеги и обожаватели на пејачот, кои му посакаа здравје, среќа и убави моменти со новиот член на семејството.
На Орде и неговото семејство им посакуваме од срце – нека им е жив и здрав синот и нека расте во љубов, радост и благослов!
