Младиот и талентиран фолк пејач Давид Миладинов од Штип деновиве работи на нов музички проект — видеозапис за песната „Учиме мајко, карај ме“, во негова интерпретација. Снимањето на видеото е во полн ек и го реализира IN Продукција, која стои зад многу успешни музички спотови во последните години.
🎥 Спотот се снимаше на автентични локации во три македонски града: Штип, Кочани и Виница, каде преку традиционални сцени и силна емотивна изведба, ќе се долови длабоката порака на оваа безвременска народна песна.
📺 Премиерата на видеозаписот е закажана ексклузивно на македонската сателитска телевизија ИНТВ, која останува платформа за промоција на македонската народна и забавна музика ширум светот.
🎶 Давид Миладинов продолжува со својот автентичен пристап кон народната музика, со што го освојува срцето на публиката од различни генерации.

