“Горда Прилепчанка” е моја лична карта. Ова го истакна пејачката Елена Јовческа при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Песната “Горда Прилепчанка” е лична карта на фолкерката Елена Јовческа. Таа при нејзиното гостување во емисијата Промо, истакна дека оваа песна допринесла за нејзините бројни настапи насекаде во светот.
-Можам слободно да кажам дека таа е мојата лична карта, којашто ме однесе насекаде низ светот. Препознатлива сум по таа песна, “Горда Прилепчанка” ја знаат сите, ја пееме сите во хор и нема поубаво чувство од тоа кога твојата песна ја знае цел свет.-вели Елена.

Кога станува збор за фестивалите, Јовческа вели дека во моментов не размислува за тоа, но доколку излезе добра песна би се појавила на некој од нив.
-Искрено немам размислувано сеуште за настап на фестивал, меѓутоа доколку имам добра песна и се разбира нешто коешто ќе остане и ќе биде поразлично од се досега што се направило, зошто да не. Можеби па заедничка соработка со Џељо, незнам, не сум размислувала за настап на фестивал.-додава таа.
Инаку, Елена веќе шест години успешно чекори на македонската музичка сцена, а покрај по нејзините голем број хитови, таа е добропозната и по извонредните забави кои ги приредува пред нејзините фанови насекаде кадешто настапува.
