Годинава на фестивалот “Роса Фест” ќе се пее во живо. Ова го откри директорот на фестивалот Бобан Мојсовски при гостувањето во ИН Продукција. Тој додаде дека наместо во ноември, овојпат ќе се одржи во месец октомври.

Бобан Мојсовски, директор на фестивалот Роса Фест, при неговото гостување во емисијата “Промо” открива дека годинава фестивалот ќе се одржи во месец октомври. Тој истакна дека овојпат пејачите наместо плејбек, ќе имаат можност да се претстават во живо.
-Го правевме секогаш последниот петок од ноември, но годинава ќе го направиме порано во месец октомври и сакаме да го направиме во нов дух. Претходно беше со плејбек ревијален, а сега ќе биде со комплетен настап во живо. Во живо отсвирен и испеан, тоа ни е новитет.-вели Бобан.

Претходно, критериумите за настап на овој фестивал беа добра песна и добар пејач, но за годинава организаторите на фестивалот веќе одбрале кој ќе настапува.
-Ќе има девет пејачи и девет пејачки, вкупно 18 песни. Овојпат ние ги прибираме песните, пред тоа на пример самиот пејач си носи песна, ние само давале одлука дали ќе се прифати или не, овојпат ние лично ги прибираме песните од самите композитори, составуваме и ги нудиме на пејачите да видиме кој за која песна е компетентен да отпее итн, стилски.-додава тој.
Мојсовски e задоволен од тоа како помина овогодинешното издание на фестивалот “Роса Фест” и вели дека радува фактот што интересот за фестивалот и понатаму е доста голем.
