Се мора да биде совршено за настапот на најпознатиот музички фестивал Коачела. Бијонсе со тимот танчери вежба по 11 часа дневно за нејзиниот јавен настап.

Бијонсе е позната по перфекционизмот, а за овогодинешниот настап на фестивалот Коачела отиде еден чекор понапред. Како што веќе најави, таа премина на веганска исхрана со цел да ја врати витката линија.
Сега објавено е дека со нејзиниот тим на танчери ги вежба кореографиите 11 часа на ден во студиото во Лос Анџелес за целосниот настап да биде повеќе од совршен доколку тоа е можно.

Бијонсе на Коачела требаше да настапи минатата година, но поради бременоста го откажа концертот, па на нејзино место настапи Лејди Гага.
