Елена Јовческа ја промовира новата песна “Македонци не има сегде”

Please follow and like us:
Pin Share

“Македонци не има сегде” е насловот на најновата песна на Елена Јовческа. Оваа песна како што вели таа ја посветува на сите македонци ширум светот, а за скоро време најавува и снимање спот за истата.

Фолкерката Елена Јовческа во емисијата “Промо” ја претстави нејзината најнова песна со наслов “Македонци не има сегде”. Со оглед на тоа што македонците ги има насекаде низ светот, Елена реши да им посвети песна.

-Сакав и успеав да направам песна којашто ќе ја испеам од срце за сите оние македонци коишто ме знаат, сите оние кои биле на моите концерти и настапи, им посветив една многу убава песна Македонци не има сегде и тоа е вистина дека не има насекаде во светот. Да ги поздравам сите оние коишто биле на моите концерти и да им се заблагодарам за цело време што се моја морална поддршка, инаку Елена Јовческа не би била Елена доколку не би биле тие.-

Елена за скоро време најавува и снимање спот за оваа песна којшто ќе биде во соработка со ИН Продукција.

-Дефинитивно ќе има спот. Мислам дека до крајот на месец април ќе го реализирам тој спот, затоа што сепак станува збор за песна којашто ме опишува мене и ја посветувам таа песна на сите македонци и мислам дека заслужува да има еден спот кадешто ќе бидат опфатени повеќе делови од нашата држава затоа што кадешто одам и настапувам македонците ги има од секаде низ Македонија, можам да кажам дури и од Егејска Македонија, така да планирам овој спот да биде на различни локации, да не бидам целта јас туку да бидат деловите од Македонија од кадешто ни се заминати нашите македонци.-

Во песната преовладува познатиот македонски традиционален инструмент, зурла којашто ја отсвири Џељо Дестановски, а аранжманот е во соработка со Никола Кочанковски-Кочан.

Please follow and like us:
Pin Share