“Жешка” фотосесија на пејачката Татијана Стефановска

Please follow and like us:
Pin Share

Добропознато е дека поради пандемијата од коронавирусот, македонските музичари веќе неколку месеци ги стопираа нивните вообичаени настапи по локали и семејни прослави.

Но, сепак тоа не значи дека не треба да внимаваат на нивниот физички изглед. Тие доста често објавуваат фотографии преку кои можеме да видиме како се рекреираат, вежбаат, возат велосипеди, а повеќето од нашите пејачки драстично го менуваат нивниот стил.

Деновиве големо изненадување приреди познатата фолк пејачка Татијана Стефановска со нејзината најнова фотосесија која многумина ја нарекоа жешка фотосесија. Таа периодов доста често објавува провокативни фотографии каде може да забележиме целосна транформација на нејзиниот изглед, а за тоа се погрижи “Belezza Studio” од Битола.

Овој пат на агендата промени беше голото или сега популарното „nude“ издание. Татијана има долги екстензии коса кои го покриваат нејзиното тело под кое носи минијатурни парчиња облека во боја на кожа, а од истите изгледа како гола.

Коментарите дека е секси, жешка, авион, топ риба… се редеа до недоглед, а со ова нејзино издание Татијана многу потсетува на светски познатата ѕвезда Шакира.

Што следно ќе ни приреди Татијана, останува да видиме во следниот период !

Please follow and like us:
Pin Share