Четвртиот победник на “Најдобриот на листата” е познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Во конкуренција од уште девет врвни изведувачи и одлични песни, овојпат победата ја однесе Спасен со еден од неговите најголеми хитови “Ќе ти дојдам”, песна со која освои над 670 гласови што навистина е огромна бројка и доказ дека Спасен е сеуште еден од поомилените пејачи кај македонската публика.
Силјаноски воедно станува добитник на 400 австралиски долари кои ги доделува Австралиската ИН Телевизија на своите музички соработници. Доделувањето на паричната награда трае цел месец јули, а победникот се избира секоја недела преку гласање на јавната група на фејсбук, ИН ТВ САТЕЛИТСКА ТЕЛЕВИЗИЈА.
Инаку, поради тоа што нашиот познат пејач е сеуште во изолација поради коронавирусот, не беше во можност да ги подигне парите од студиото на ИН Продукција, но за гледачите на ИН ТВ, Спасен се обрати преку ексклузивно видео во кое што ги сподели неговите импресии од големата победа и наградата.
А што точно кажа тој при неговото обраќање, погледнете во следното видео !
Спасен Силјаноски е новиот победник на "Најдобриот на листата" и добитник на 400 долари од Австралиската ИН Телевизија. Спасен се наоѓа во домашен карантин, но за гледачите на ИН ТВ се обрати преку ексклузивно видео!
Gepostet von INTV am Freitag, 24. Juli 2020
