Марија Шерифовиќ: Никој да не ми се јавува ниту да ми подава рака

Please follow and like us:
Pin Share

Познато е дека пејачите мораат да ги одложат настапите поради новите мерки , но исто така не можат да патуваат на одредени дестинации затоа што границите се затворени.

Па така Марија Шерифовиќ најпрво им пееше на нејзините фанови на „Инстаграм“ бидејќи пеењето е она што и недостасува, а ден потоа им се обрати со многу бурна порака на нејзиниот Инстаграм-профил.

–  До кога? Кога ќе дојде крајот? Се разбира, секоја личност  со која јас доаѓам во контакт мора да е заразена. Никој да не ми се јавува, никој да не ми подава рака доживотно, да нема гушкање и бакнување, рече таа.

Инаку, пејачката од почетокот на епидемијата, се придржуваше кон сите мерки на надлежните со цел да се заштити себеси и другите, а тоа честопати гo истакнуваше во нејзините хумористични инстаграм-приказни.

Please follow and like us:
Pin Share