Познато е дека пејачите мораат да ги одложат настапите поради новите мерки , но исто така не можат да патуваат на одредени дестинации затоа што границите се затворени.

Па така Марија Шерифовиќ најпрво им пееше на нејзините фанови на „Инстаграм“ бидејќи пеењето е она што и недостасува, а ден потоа им се обрати со многу бурна порака на нејзиниот Инстаграм-профил.
– До кога? Кога ќе дојде крајот? Се разбира, секоја личност со која јас доаѓам во контакт мора да е заразена. Никој да не ми се јавува, никој да не ми подава рака доживотно, да нема гушкање и бакнување, рече таа.
Инаку, пејачката од почетокот на епидемијата, се придржуваше кон сите мерки на надлежните со цел да се заштити себеси и другите, а тоа честопати гo истакнуваше во нејзините хумористични инстаграм-приказни.
