(ВИДЕО) Убавините на Колешино во новиот спот од Стојне Николова

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од Стојне Николова за “Песна за Колешино”?

Стојне Николова го промовираше новиот спот за песната која е посветена на познатото Струмичко село Колешино. Во видеото покрај убавините на ова Струмичко село, вклучувајќи ги Колешинските водопади кои се главна атракција и препознатлив белег, преку мини филм е прикажан и животот на жителите на Колешино.

-Песната е навистина убава и многу ми е драго што токму јас ја отпеав. Инаку да кажам, дека идејата за оваа песна и целиот проект е на мојата драга пријателка Драгана, еден голем поздрав до неа и голем поздрав до сите жители на село Колешино и сите иселеници. Музиката е на Наско Џорлев, аранжманот е на Бобан Мојсовски, а текстот е на Глигор Смилков, кој што веќе не е меѓу нас, а потекнува од Колешино. Јас и Бобан само малку го досредивме текстот.-изјави Стојне во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Во продолжение погледнете го видеото!

Please follow and like us:
Pin Share