“Периодот на изолација поради пандемијата од коронавирусот ќе гледам да го ставам во заборав, бидејќи многу ми е убаво на душата кога ги ставам во заборав работите кои и вреди да се заборават.” Ова го истакна фолк пејачката Елена Велевска во интервју за ИН ТВ.

Фолк дивата Елена Велевска во неодамнешното интервју за ИН ТВ меѓудругото раскажува и за тоа како поминуваше за неа периодот на изолација. Елена вели дека тој тежок период ќе се обиде да го остави зад себе и ќе продолжи понатаму да ужива во животот со убави и позитивни мисли.
-Со оглед на тоа што го работев во изминатиот период бидејќи имав бурен период од ангажмани, како студиски да снимам, па да постигнам да гостувам во сите телевизии каде што ги промовирав новите материјали. Така да, работев со забрзано темпо и воопшто не се сеќавам како ми помина тој период кога бевме во изолација. Ќе гледам да го ставам во заборав, бидејќи многу ми е убаво на душата кога ги ставам во заборав работите кои и вреди да се заборават.-истакна Велевска за естрадниот магазин Естрада плус.

Таа вели дека изминатите неколку месеци ги искористила најпрво за убаво да се одмори, да помине повеќе време со фамилијата, но и да сработи неколку нови проекти.
-Најмногу што ми фалеше?! Јас мојата блискост си ја имав со мојата фамилија во Прилеп, тука беа моите дечиња. Навистина тој период го искористивме да се одмориме на некој начин, бидејќи и никогаш не сме се одмориле како уметници, секогаш сме биле во некое трчање. Така да, си се посветивме на себе, во домот, на семејството на најблиските и малку ни беше како едно опаметување да сфатиме што значи да дојде до едно такво искушение и што значи светот да дојде до застој и колку многу тогаш си требаме во тие моменти. Можеби се се случува со причина за сега да имаме ваква блискост бидејќи јас сум сигурна дека сега со многу поголема желба и љубов работам и гостувам. Толку ми е драго и што ве гледам после толку време и сакам сето ова да продолжи со многу љубов.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.
Инаку, Елена пред само краток период го претстави нејзиниот нов музички проект кој се состои од убави сплетови на македонски патриотски песни. За овој проект, Велевска доби бројни позитивни коментари од јавноста.
