Аца Лукaс и уплати одмор од 5.000 евра на поранешната сопруга

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Аца Лукас е слаб на својата ќерка Викторија, но не штеди кога е во прашање и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.

Иако имаа турбулентен однос кој заврши со крај на бракот, Аца и Соња изгледа успеале да ги надминат сите несогласувања. Како што пишуваат српските медиуми, Аца одлучил да го финансира одморот на Соња и да ја прати на море заедно со нивната ќерка.

Соња и Викторија уживаат во еден од најлукузните хотели во Дубровник, а според пишувањата на медиумите, пејачот за нивниот одмор платил 5 илјади евра.

Тие ќе останат 10 дена во Хрватска, а според фотографиите кои Соња ги објавува на социјалните мрежи веќе си поминуваат убаво.

Please follow and like us:
Pin Share