#КарантинДома со Игор Андреевски

Please follow and like us:
Pin Share
Прв викенд во Македонија во кој сите граѓани се наоѓаат во задолжителен карантин во своите домови.
Со цел да ве информираме околу тоа што прават македонските музичари во овој период на изолација, одлучивме да ја воведеме рубриката #КарантинДома.
За тоа како поминува еден вообичаен ден во карантин, денес разговаравме со младиот и талентиран пејач Игор Андреевски.
Каде се наоѓаш во моментов и како поминува за тебе првиот викенд во целосен карантин?
-Во моментов сум дома. И овој викенд ми е исполнет со обврски, бидејќи овој ми е последен семестар на Музичката Академија, се подготвувам за завршните испити и го спремам дипломскиот испит.
Дали ги почитуваш препораките од Министерството за здравство?
-Ги почитувам, со тоа што седам дома, во исхраната повеќе користам овошје,зеленчук,витамински додатоци,здрава исхрана, активен сум физички иако сум во домашни услови,хигиената како и секогаш на прво место, на високо ниво.
Како го исполнуваш времето во твојот дом, дали ти е досадно или си наоѓаш занимации?
-Освен секојдневните обврски, имам повеќе време да се посветам на создавање на текстови, музика, за моите идни песни,слушам музика,пеам,свирам клавир.
Што најпрво би направил откако ќе заврши вонредната состоја и кога ќе започнеме нормално да функционираме?
-Ќе бидам среќен да останеме периодов во добро здравје, оние кои се болни по лесно да ја поминат болеста, да нема жртви, а потоа продолжуваме со нови сили во нови победи.
Изминатиов период ја промовираше твојата најнова песна “Вечна да е Македонија”, заедно со спот кој го изработи ИН Продукција. Колку си задоволен од крајниот резултат и кои беа коментарите од јавноста и твоите најблиски?
-Секој кој ја има слушнато, сметам дека му се допаднала,бидејќи имам добиено многу позитивни коментари, што дополнително ми дава поттик, да продолжам да создавам и пеам квалитетна Македонска музика.
Дали ќе изненадиш со нешто ново, нов музички проект и слично?
-Се разбира, подготвувам нови песни, преработки на стари македонски песни, што ќе може јавноста да ги слушне и види, но треба време за да бидат успешно реализирани.
И за крај, што би им препорачал на читателите на Естрада плус за побрзо да им помине времето во карантин. Филм, музика, друштвена игра?
-Јас би им препорачал да го прават тоа што најмногу го сакаат и што ги прави среќни, само така ќе ја надминеме секоја потешкотија, но што и да прават нека додадат и убава македонска песна, што ќе ги развесели.Чуството на среќа е најголем лек за сите болести.
Игор денес ни ја отпеа во живо “Вечна да е Македонија”, а неговата изведба погледнете ја во продолжение !
https://www.facebook.com/intv.au/videos/511499512880293/?eid=ARB7taE3JejpL1o_eR9HSiJmbukWuiA9o3TZaewLovR-SIZDbfouMbP3pU-nC60hdGMtrZ_FkH6hUCMh
Please follow and like us:
Pin Share