Мартина Стојчевска од Шведска ја имаме екслузивно во Естрадниот магазин Естрада плус. Таа одговори на неколку наши прашања и ни отпеа убава македонска песна, специјално за вас.

Младата и талентирана Мартина Стојчевска, македонка која живее во Шведска, за естрадниот магазин Естрада плус раскажува како се справуваат со пандемијата на коронавирусот со оглед на тоа што Шведска е една од земјите која нема преземено никакви мерки за превенција од Ковид-19.
Како што не информира младата пејачка, во Шведска се си функционира како и вообичаено, а затворени биле само неколку факултети.
-Во Шведска нема карантин. Денот тука минува исто како и вообичаено, на работа и дома, скоро ништо не е сменето, освен тоа што неколку факултети се затворени и сега учат онлајн. Рестораните си работат нормално, кафичите тука се со самопослужување, одиш на шанк си порачуваш и земаш, а сега е сменето си седиш на маса и доаѓаат да нарачаш исто како кај нас во Македонија.
Движењето со работа е нормално и скоро сите фирми работат како и обично, кој може си работи од дома, а другите си одат како и вообичаено. Се разбира дека фирмите губат финансиски од ситуацијата, но се надеваме дека ќе се смени.-истакна Стојчевска.

Сепак, Мартина и нејзиното семејство ги почитуваат препораките од Светската здравствена организација и во овој период тежок за сите нас, се наоѓаат во нивниот дом.
-Како што веќе кажав ние си седиме дома. Ова тешко време мислам дека не научи да застанеме во животот малку и времето да го користиме со фамилијата. Јас мислам дека ми се -вели тааврати креативноста и започнав повеќе да пишам песни, да цртам и да свирам гитара. Порано немав време за тоа, но сега мора да си најдеш занимација.-раскажува младата пејачка.
Стојчевска за Естрада плус открива дека во моментов е во контакт со фолк пејачот Благојче Стојановски Туше, како и познатиот музичар Ицко Ѓорѓиовски од Прилеп, со кои што ќе соработува за нејзините нови песни.
-Убаво е што можеме вака онлајн да контактираме и повторно да соработуваме во тоа што уживаме. Јас сега со помош на Туше и Ице Ѓорѓиовски работам на нови песни, за кои се надеваме дека за скоро ќе можеме да ги снимиме во соработка со ИН ТВ Австралија.-додава Мартина во видео интервјуто за ИН ТВ.
Во продолжение уживајте во нејзината изведба !
Мартина Стојчевска од Шведска утре ,екслузивно во Естрада плус
Gepostet von INTV am Donnerstag, 2. April 2020
