Сандра Милковска најавува прв солистички албум

Please follow and like us:
Pin Share

Сандра Милковска периодов е во нејзиниот дом, заедно со семејството. Таа вели дека секојдневно си наоѓа некоја занимација. Им помага на нејзините дечиња во совладување  на наставата, подготвува интересна храна, но и размислува околу идните планови со музиката. Сандра го најавува и првиот солистички албум.

Сандра Милковска е уште една од нашите познати личности кои ги почитува препораките за превенција од коронавирусот и заедно со нејзиното семејство е претежно во нејзиниот дом. Таа вели дека надвор излегува само доколку има потреба да отиде до самопослуга за да ги набави сите оние производи кои им се најпотребни во нивното секојдневие.

-Деновите во изолација претежно ги поминувам дома со децата, затоа што имаат доста настава и домашни задачи. Друго, се покажавме како домаќинки сега тоа е актуелно на фејсбук и социјалните мрежи. Имаме повеќе време за фамилијата, повеќе време за во кујна, имаме повеќе време за да исчистиме нешто и слично. Да ви кажам искрено ние излегуваме само по потреба, зборувам за целото мое семејство, некаде до продавница за секојдневните потреби и тоа е тоа.-истакна Сандра, за гледачите на ИН ТВ.

Покрај тоа што се дружи со нејзините дечиња, Сандра периодов успеа да сними и три видеа за нејзините фанови на социјалните мрежи, а вели дека во најскоро време и таа како и нејзините колеги ќе се вклучи во живо и ќе отпее нешто.

-Јас се радувам за тие случувања, ги поздравувам сите колеги и драго ми е што така се дружат, ги пратам сите. Досега јас снимив три видеа, но така со по една песна, не сум се вклучувала лајв уште од причина што покрај две деца имам и две кученца кои нон стоп се тука и прават врева и слабо наоѓам време за тоа, но ќе најдам време и ќе се вклучам во живо.-вели Милковска.

Во видео интервјуто за емисијата “Наша Сцена”, Сандра го најавува нејзиниот прв солистички албум, за кој што веќе се снимени три песни. По завршувањето на оваа ситуација со вирусот, таа ветува дека ќе го комплетира албумот,  но и дека ќе сними неколку спотови во соработка со ИН Продукција.

-Оваа година го спремам првиот албум, снимив веќе три песни од кои двете се пуштени во етер, а третата ја снимив и не успеавме да ја средиме. За навек би те одбрала, другата е Љубовна рана, во процедура се уште две песни за кои што исто така сум спречена да ги снимам. Со ИН Продукција планираме снимање на спотови за истите и се надевам дека тоа ќе биде за брзо време, јас сум позитивна секогаш, не се секирам ќе помине сето ова и пак ќе се дружиме.-додава Сандра во интервјуто.

Таа вели дека овој период ќе го искористи да размисли околу тоа како би се одвивале спотовите и времето ќе го исполни само со позитивни мисли.

Please follow and like us:
Pin Share