Љупка Арсовска порачува : Останете дома и уживајте во хармонијата на вашиот дом

Please follow and like us:
Pin Share

Љупка Арсовска од Да Капо бенд периодов како и сите останати музичари од македонската естрада, ужива во нејзиниот дом. Таа за Естрада плус открива како го поминува времето, но и што е она што најпрво ќе го направи кога ќе заврши вонредната состојба во нашата земја, поради коронавирусот.

Младата и атрактивна пејачка, Љупка Арсовска која е дел од Да Капо бенд е уште една девојка која ги почитува препораките за превенција од коронавирусот. За естрадниот магазин Естрада плус и за гледачите на сателитската ИН Телевизија, таа открива каде се наоѓа во моментов и како се справува со целата оваа ситуација.

-Во моментов уживам во домашната атмосфера и се чувствувам прекрасно. За време на вонредната состојба во нашата земја се грижам за моето здравје и здравјето на луѓето околу мене со тоа што ги почитувам препораките од стручните лица. Времето во мојот дом е секогаш исполнета со песна, а истотака често играме друштвени игри со моите најблиски, гледаме филмови и слично.-истакна Љупка, за гледачите на ИН ТВ.

Таа упати апел до сите нејзини фанови, а воедно и до сите граѓани на Македонија да останат во своите домови и да ги почитуваат препораките од стручните лица.

-На сите што не гледаат и слушаат, им препорачувам да останат дома, да уживаат во хармонијата на својот дом за што поскоро да заврши сето ова.

Нашата екипа ја запраша младата пејачка што е тоа што таа најпрво би го направила откако ќе заврши вонредната состојба и секако откако ќе се стабилизира ситуацијата со коронавирусот.

-Дефинитивно, откако ќе заврши ова ќе одам на еден добар шопинг во Солун, а морам да кажам и дека едвај чекам да започнеме со настапите заедно со мојот бенд.-вели таа за Естрада плус.

Инаку, Љупка во видеото открива дека наскоро ќе реализира нов музички проект, но повеќе информации околу тоа ќе има во периодот кој следи.

Таа за гледачите на Естрада плус отпеа еден дел од песната “Ѕвона” од Каролина Гочева. И не случајно ја одбра оваа песна, Љупка е вклучена во овој проект како придружен вокал на нашата поп дива Каролина.

Се  надеваме дека во најскоро време и Љупка ќе направи еден ваков убав хит, а во продолжение уживајте во нејзината прекрасна изведба.

Ljupka Arsovska od nejziniot dom pee za gledacite na Estrada plus i IN TV

Gepostet von INTV am Donnerstag, 2. April 2020

Please follow and like us:
Pin Share