Хари Мата Хари ограбен во Белград

Please follow and like us:
Pin Share

На последната вечер од националниот избор за српскиот преставник за Евровизја, популарниот пејач Хари Мата Хари бил ограбен во неговата хотелска соба.

Пејачот останал без својот часовник – Ролекс, вреден 15.000 евра.

Хари го оставил часовникот на масата во неговата хотелска соба и заминал. Никогаш не помислил дека ќе го ограбат во хотел. По настанот, кога се вратил, се шокирал. Веднаш отишол да го пријави грабежот во хотелот и побарал веднаш да се прегледаат надзорните снимки, открил изворот за српските медиуми.

-Освен чистачката која со години работела во хотелот, никој друг не бил забележан во ходникот каде што била собата на Хари. Таа била единствената осомничена се додека повторно не влегле во собата, која се наоѓала на првиот кат и виделе дека пејачот заборавил да ја затвори вратата од терасата.

Please follow and like us:
Pin Share